Екипата на Тиквеш забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со минимални 28-27 на турнирот во Прилеп.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Томислав Димковски со седум гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасни беа Александар Стојков и Христијан Митревски со по шест гола.
Составот на Прилеп оствари победа против екипата на Младост Богданци со резултат 31-27.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Ангел Крстески со шест гола, додека кај екипата на Младост Богданци најефикасен беше Даниел Андоновски со осум гола.
(фото – Меморијален турнир “Миле Нешкоски”)📷








