Екипата на Тиквеш од Кавадарци, која во новата сезона влегува со зголемени амбиции во Супер лигата, но и во Европскиот Куп доби нов спонзор.
Тиквеш договори соработка со клиниката Ортхоспорт од Бања Лука. Професор д-р Александар Јаковљевиќ заедно со својот тим на стручни медицнски лица ќе се грижи за превенција и рехабилитација при несакана повреда кај ракометарите на клубот.
Ортхоспорт е уникатна институција и единствена од овој тип на балканот, која расте и се развива од 2010 година.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷