Ракометарите на Тиквеш забележаа победа против ракометарите на Струга со конечни 28-26 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Тиквеш и на полувреме имаше водство со конечни 13-11. Во второто полувреме Струга се обидуваше да се врати, но сепак тимот на Тиквеш прослави победа.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Мохамед Азиз со 11 погодоци, додека кај Струга најефикасен беше Никола Јукиќ со 7 погодоци.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








