Тиквеш убедлив против Скопје 2020

Ракометарите на Тиквеш забележаа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Скопје 2020 со 42-24.

Тиквеш победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза имаше предност со убедливи 20-9.

Најефикасен кај екипата на Тиквеш беше Евгениј Темелкоски со десет гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Кирил Пешкирски со шест гола.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.