Екипата на Охрид, која има високи амбиции во Супер лигата се засили со нов ракометар за следната сезона.
Станува збор за ракометарот Тилен Стрмлјан, кој доаѓа од редовите на Хановер и потпиша договор на две сезони.
Средниот бек на Словенија е моментално на првото место со неговата екипа Хановер Бургдорф во најдобрата лига на светот – Бундес лигата.
Тилен има 29 години и освен добрите настапи во ЕХФ Европската лига со екипата на Хановер, имаше и одлични настапи во Лигата на шампионите со екипата на Целје. Пред тоа настапуваше и за екипата на Рико Рибница од Словенија.
Има преку 30 настапи за репрезентацијата на Словенија во младинските и сениорските натпреварувања.
(фото – ГРК Охрид)📷