Екипата на Охрид ја очекува натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер на домашен терен во 17. коло од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Тилен Стрмлјан, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Еурофарм Пелистер.
“Во недела не чека тежок натпревар против Пелистер. На нас е добро да се подготвиме и на натпреварот да оставиме срце на терен. Натпреварот сигурно ќе биде многу интересен, затоа ги повикувам сите наши навивачи да ни се придружат на последниот домашен меч оваа година и да ни помогнат да стигнеме до што подобар резултат”, – изјави ракометарот на Охрид, Тилен Стрмлјан.

(фото – ГРК Охрид)📷








