Тинекс Пролет ги продолжи договорите со Ласко Андоновски и Мартин Димов

Тинекс Пролет ги продолжи договорите со двајца клучни играчи од изминатава сезона, Ласко Андоновски и Мартин Димов.

Искусниот 30-годишен Ласко Андоновски кој игра на централната бековска позиција ја продолжува соработката со Тинекс Пролет останувајќи верен на клубот и по цели десет години соработка откако првпат со клубот потпиша во 2012 година.

„Чест ми е и задоволство што и после десет години соработка ќе продолжам да го носам дресот на Тинекс Пролет, клубот во кој ги доживеав најубавите моменти од мојата кариера. Очекувам навистина успешна следна сезона согласно и амбициите, името и реномето на овој клуб кои ги ужива во македонскиот ракомет“, – истакна Андоновски по потпишувањето на новиот договор со клубот.

Десното крило, 24-годишниот Мартин Димов, пак, зад себе остави квалитетна сезона по која сега следи продолжување на договорот за уште две години.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести