Екипата на Тинекс Пролет го совлада Голден Арт со резултат 26-25 во полуфиналниот натпревар од четвртфиналната група 2 во Купот на Македонија.
Во првото полувреме Голден Арт имаше водство со резултат 15-12. Во второто полувреме екипата на Тинекс Пролет успеа да направи пресврт, па на крај да слави против Голден Арт.
Најефикасен во тимот на Тинекс Пролет беше Томислав Димковски со шест гола, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Дејан Гошевски со шест гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷