Екипата на Вардар Неготино направи изненадување во Супер лигата, откако на домашен терен го совлада Тинекс Пролет со 24-22.
На полувреме се замина со нерешени 11-11. Во второто полувреме Вардар Неготино успеа да направи предност, па на крај да слави против Тинекс Пролет.
Најефикасни во тимот на Вардар Неготино беа Мирослав Митевски, Лазар Адамовиќ и Петре Пеовски со по пет погодоци, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Давор Палевски со 12 погодоци.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷