Екипата на Тинекс Пролет забележа победа против екипата на Струга со конечен резултат од 24-22 во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Струга на полувреме имаше предност од 13-12. Во второто полувреме Тинекс Пролет успеа да се врати, па на крај да триумфира против Струга.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Ласко Андоновски со осум гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Мерис Бошњак со седум гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷