Томислав Јагуриновски: Се надевам ќе одиграме добар натпревар против тимот на Бутел Скопје

Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против екипата на Бутел Скопје во рамки од Супер лигата.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Томислав Јагуриновски, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Бутел Скопје.

“Играме против Бутел, млада и перспективна екипа која сигурно ќе влезе мотивирано и со многу енергија. Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен, со сериозен пристап и максимална концентрација од почеток до крај. Се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар и ќе се вратиме со победа”, – изјави ракометарот на Охрид, Томислав Јагуриновски.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *