Рк Јехона

Убедлива победа на Јехона против Партизан Гевгелија

Екипата на Јехона забележа победа на домашен терен против екипата на Партизан Гевгелија во натпревар од Првата лига, со убедливи 42-33.

Ракометарите на Јехона уште на почетокот си ја сфатија сериозно работата и го превзедоја водството. Екипата на Партизан Гевгелија пробуваше да ја намали негативата но не успеваше, до крајот на натпреварот екипата на Јехона добро го контролираше натпреварот и успеа да слави победа против составот на Партизан Гевгелија на домашен терен.

Најефикасен во составот на Јехона беше Адис Салиу со 14 погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Димитар Узунчев со 10 погодоци.

Рк Јехона 42-33 Рк Партизан Гевгелија

(фото-Рк Јехона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.