Машката младинска репрезентација на Унгарија го освои Европското првенство за младинци, откако во финалето ја совлада селекцијата на Шведска со резултат 34-32 на продолженија.
Регуларниот дел заврши нерешено со конечни 30-30, па натпреварот се решаваше на продолженија, каде селекцијата на Унгарија беше подобра од селекцијата на Шведска.
Во натпреварот за 3. место селекцијата на Словенија ја совлада селекцијата на Данска со 30-28.

(фото – ЕХФ)📷








