Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува натпревар на домашен терен против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш на прес-конференција го најави натпреварот со тимот на ПСЖ.
“Оставаме зад нас тежок период. Мислам дека бевме добри, ги победивме важните натпревари против Алкалоид, Охрид и Динамо Букурешт. За жал се испостави дека нема да ја поминеме групата во Лигата на шампионите. Дуелот против ПСЖ в четврток е празник за луѓето во Битола, бидејќи ни доаѓа една од најдобрите светски екипи. Треба да се покажеме во вистинско светло, да дадеме максимум како и на сите натпревари досега и да се обидеме да победиме. Знаеме дека ПСЖ ќе дојде мотивиран во Битола, бидејќи важно им е да завршат второпласирани во групата и директно да се пласираат во четвртфинале. Ќе дојдат во најсилен состав и со мотив да победат”, – изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷