Вардар утревечер му гостува на Нант во петтото коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Натпреварот во „Х Арена“ почнува во 20:45 часот, а црвено-црните најавуваат максимално борбено издание и желба за првата победа во елитното натпреварување.
Во составот на Вардар се враќа Урош Митровиќ, кој ја одработи суспензијата од четири натпревари и првпат сезонава ќе може да настапи во Лигата на шампионите. Тренерот Иван Чупиќ нема да може да смета на Мохаб Абделхак, кој има здравствен проблем, како и на Махамаду Кеита, кој поради вироза не отпатува со екипата. Во ростерот се враќа и Марио Стојановски.
„Желбата остана тука, не замина. Секогаш се подготвував за овие натпревари во Лигата на шампионите и ја чекав својата шанса. Конечно, по месец и половина, ми истече казната од четири натпревари и сега можам да играм и да ѝ помогнам на екипата. Не знам дали тоа што немаме притисок може да биде олеснување, но секако ќе играме до крај и ќе го дадеме максимумот. Иако немаме шанси да ја поминеме групата и ќе продолжиме во Европската лига, каде што игравме и минатата сезона, нема причина да не играме со 100 проценти и да бараме победа“, – изјави Урош Митровиќ.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








