Ракометниот караван кој го организираше Ракометната Федерација на Македонија помина успешно со повеќе учесници во Струга.
Спортската сала „Тими“ во Струга беше исполнета со детски насмевки, позитивна енергија и љубов кон ракометот. Најмладите имаа можност да се дружат, да учат и одблиску да ја почувствуваат магијата на ракометната игра.
Дел од караванот беа Марио Танкоски, Гоце Ојлески и Теодора Гулицоска, а посебно изненадување за најмладите беше специјалната гостинка Андреа Лекиќ, една од најголемите ракометни ѕвезди во регионот и најдобра ракометарка во светот за 2013 година.
(фото – РФМ)📷











