Ракометарките на Феникс АМС остварија победа против Спартак со 29-27 во неизвесен натпревар од Купот на Македонија.
На полувреме Спартак имаше предност од 11-12. Во вториот дел натпреварот беше неизвесен до крај, но Феникс АМС успеа да слави победа против Спартак.
Најдобар стрелец во екипата на Феникс АМС беше Ана Марија Талева со 11 погодоци, додека кај екипата на Спартак најдобар стрелец беше Ангела Гроздановска со девет погодоци.
(фото-ЖРК Феникс АМС)📷