Филип Миркуловски и Јасмин Чамџиќ ќе седат на клупата на Вецлар до крајот на сезоната!

Раководството на Вецлар реши Филип Миркуловски и Јасмин Чамџиќ да го водат тимот до крајот на сезоната.

Екипата на Вецлар има 13 бода и се наоѓа на 16 позиција во германската бундес лига, и ќе има тешки битки за опстанок.

„Нема многу време за воведување нови работи пред крајот на сезоната. Така што одлуката ја гледам како логична. Во Вецлар сум осум години, уште подолго. Знаеме кои играчи што и кога можат да изведат на теренот. Тоа е голема предност. Апсолутно сум сигурен дека ќе успееме како тим”, – изјави Филип Миркуловски.

(фото – Рк Вецлар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести