Ракометарот Филип Талески е осмото официјално засилување на тимот на Охрид за наредната сезона.
Македонскиот лев бек потпиша договор со Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 30 години (202 цм) и ќе го носи дресот со број 28.
Талески доаѓа од екипата на Татабања, Унгарија. Потекнува од школата на Металург, а рано замина во бундеслигашот Рајн Некар Левен (освои бундеслигашка титула), а во Германија играше и за Балинген. Пред тоа играше за Вардар и Бенфика (Португалија).
“Потписот за ГРК Охрид за мене претставува нов, голем предизвик и исклучително мотивирачки проект. Клубот покажа огромна желба, сериозна визија и амбиција кои целосно се поклопуваат со моите лични и спортски цели. Среќен сум што ќе го носам дресот на Охрид, клуб кој незапирливо расте и има фантастична публика. Охрид заслужува големи ракометни успеси, а јас сум тука да го дадам својот максимум на секој натпревар за да ги оствариме зацртаните цели на клубот како во домашното првенство, така и на меѓународна сцена”, – изјави Филип Талески.
(фото – ГРК Охрид)📷











