Викендов екипата на Охрид ја очекува дерби натпреварот со екипата на Струга, каде ќе се одигра во СЦ “Билјанини Извори”, во Охрид.
За овој натпревар, своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Халил Озтурк.
“Нема да биде лесен натпревар, но сакаме да победиме во Езерското дерби и да ја израдуваме нашата публика. Желба ни е да ги добиеме преостанатите натпревари од регуларниот дел на сезоната и да влеземе во плеј-офот со победничка серија, што ќе биде одлично за екипата”, – изјави Халил Озтурк.

(фото – ГРК Охрид)📷