Екипата на ЦСКА Москва, каде настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска е нов шампион на Русија.
ЦСКА Москва во натпревар од плеј-офот славеше победа против Ростов Дон со 35-29, и успеа да го освои трофејот на Русија.
Сара Ристовска имаше четири погодоци од пет обиди кон противничкиот гол, додека по натпреварот го доби и МВП признанието.
(фото – ЖРК ЦСКА Москва)📷