Шампион на домашен терен до три бода против Јехона

Екипата на Шампион забележа победа против екипата на Јехона со минимални 35-34 во натпревар од Првата лига.

Тимот на Јехона имаше контрола на резултатот во првото полувреме, па на пауза замина со предност од 17-15. Во второто полувреме Шампион направи пресврт, па на крај се радуваше на победа.

Најефикасни во тимот на Шампион беа Стефан Огненовски и Алекс Маркоски со по шест гола, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Адис Салиу со десет гола.

(фото – Рк Шампион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести