Екипата на Шампион забележа победа на гостувањето кај екипата на Астраион со конечен резултат 27-24 во натпревар од Првата лига.
Иако на полувреме Астраион имаше предност од 14-13, сепак во вториот дел од натпреварот Шампион имаше подобра игра.
Најефикасни во тимот на Шампион беа Бојан Вренцоски и Андреј Јорданов со по седум гола, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Васе Наков со девет гола.
(фото – Рк Шампион)📷