Екипата на Шампион со пресврт славеше против составот на Гевгелија со конечен резултат 23-18.
Иако во првото полувреме Гевгелија го имаше водството, сепак во второто полувреме Шампион направи пресврт.
Најефикасни во редовите на Шампион беа Ивана Стојмановска и Симона Димитриевска со по седум гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасни беа Благица Ступар, Верица Шуклева и Елена Димова со по четири гола.
(фото – ЖРК Шампион)📷