Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и дисциплинската комисија донесоја одлуки за натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш 2014.
Судиите од Прилеп, Горан Ангелески и Рубин Седлоски добијаа казна од шест месеци, поради поднесена жалба од гостите за арбитражата.
Исто така казна доби и ракометарот на Тиквеш 2014, Никола Стефановиќ кој ќе плати парична казна од 20.000 денари поради навреда кон судиите и официјалните лица на натпревари.
Рк Еурофарм Пелистер доби парична казна од 60.000 денари поради лоша организација на дербито помеѓу екипата на Вардар 1961.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷