Екипата на Охрид, која има високи амбиции во Супер лигата за следната сезона се засили со ракометарот Шуичи Јошида.
Јапонскиот репрезентативен пивот потпиша со Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 25 години (193 цм) и ќе го облече сино-белиот дрес со број 5.
Јошида е огромно засилување за тимот. Доаѓа по две сезони од гигантот Нант (Франција) каде што игра клучна улога во двата правци во француското првенство и Лигата на шампионите. Претходно настапуваше за Данкерк (Франција) и Азоти Тарнов (Полска). Прв пивот на јапонската репрезентација и прогласен за најдобар пивот на Азиското првенство во 2024.
“Здраво Охрид! Здраво Рибари! Јас сум Шуичи Јошида, јапонски репрезентативен пивот. Премногу сум среќен што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид и со нетрпение чекам да заиграм за овој клуб и да ги запознам нашите навивачи! Се гледаме наскоро Охриде”, – изјави Шуичи Јошида.

(фото – ГРК Охрид)📷








