Екипата на Ѓорче Петров забележа победа против екипата на Бањик Мост со конечни 22-18 во првиот натпревар од 2. квалификациско коло од Лигата на Европа.
Иако на полувреме резултатот гласеше 10-10, сепак во второто полувреме Ѓорче Петров со добра игра успеа да слави победа против Бањик Мост.
Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров беа Губериниќ со седум гола и Ризоска со четири гола.
(фото – 24Ракомет)📷








