Екипата на Ѓорче Петров продолжува со победите во плеј-офот од Женската Супер лига, откако го совлада тимот на Металург Автокоманда со 35-27.
Иако во првото полувреме Металург Автокоманда имаше водство, сепак во второто полувреме Ѓорче Петров успеа да се врати и на крај да слави победа.
Најефикасна кај екипата на Ѓорче Петров беше Ивана Дежиќ со девет гола, додека кај Металург Автокоманда најефикасна беше Марија Јанкуловска со десет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷