Ѓорче Петров лесно се справи со Гевгелија

Составот на Ѓорче Петров забележа убедлива победа против составот на Гевгелија со високи 46-8.

Ѓорче Петров од почетокот, па се до крајот на натпреварот го полнеше голот на екипата на Гевгелија.

Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со 14 гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасни беа Благица Ступар и Верица Шуклева со по три гола.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.