Екипата на Ѓорче Петров забележа висока и убедлива победа против екипата на Астибо со конечни 46-24 во Женската Супер лига.
Составот на Ѓорче Петров од почетокот на натпреварот направи високо водство и на крај да слави победа против Астибо.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со осум гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со десет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








