Тимот на Ѓорче Петров 2 забележа висока победа против тимот на Шампион со конечни 35-13 во Женската Прва лига.
Составот на Ѓорче Петров 2 во текот на целиот натпревар имаше високо водство, па така лесно се справи со Шампион.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров 2 беше Стефанија Тодева со десет гола, додека кај Шампион најефикасни беа Катја Маркоска и Христина Трајанова со по четири гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷








