Екипата на Атлетик забележа висока и убедлива победа против екипата на Јехона со конечни 34-11 во Женската Прва лига.
Тимот на Атлетик победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 16-7.
Најефикасна во редовите на Атлетик беше Моника Босилковска со седум гола, додека кај Јехона најефикасни беа Лазарела Лазареска и Алтина Хасани со по четири гола.
(фото – ЖРК Атлетик)📷








