Екипата на Ѓорче Петров 2 забележа победа против екипата на Деспина со конечни 27-20 во Женската Прва лига.
Иако на полувреме Ѓорче Петров 2 имаше водство од минимални 10-9, сепак во второто полувреме ја зголеми предноста, па на крај да ја совлада Деспина.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров 2 беше Ангела Цветановска со шест гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Мери Гичева со осум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷








