Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 17. коло од Супер лигата.

Судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, додека делегати ќе бидат Камер Металари и Љупчо Јаневски.

Натпреварот меѓу екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 14 декември во недела со почеток од 18:00 часот во СЦ “Билјанини Извори”, во Охрид.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *