Јуниор Кисела Вода оствари лесна победа против Јехона на домашен терен со конечни 37-26 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.
Јуниор Кисела Вода од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, и на пауза замина со високи 20-13. Во вториот дел од натпреварот Јуниор Кисела Вода ја завери победата против Јехона.
Најефикасен во екипата на Јуниор Кисела Вода беше Филип Димевски со 11 погодоци, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Стефан Бошкоски со десет погодоци.
(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷