Ракометарите на Јуниор Кисела Вода забележаа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Кичево 2020 со убедливи 41-25 во Првата лига.
Екипата на Јуниор Кисела Вода од почетокот на натпреварот направи добра серија, на пауза имаше предност од 18-8. Во вториот дел продолжи добрата серија на гостинскиот тим за на крај да слави убедлива победа во Кичево.
Најдобар стрелец во екипата на Јуниор Кисела Вода беше Дарио Симоноски со 15 погодоци, додека кај екипата на Кичево 2020 најдобар стрелец беше Тасески со шест погодоци.
(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷