Љубомир Врањеш иако има договор со Словенија до 2024 година, сепак тој повеќе не е селектор на машката репрезентација на Словенија, така реши федерацијата.
Поради лошите резултати победа над Македонија и порази од Данска и Црна Гора, федерацијата и Љубомир Врањеш спогодбено го раскинаа договорот. Новото име на кормилото на словенечките ракометари се очекува да биде познато во следните неколку недели.
(фото-Ракометна Федерација на Словенија)📷