Поранешниот репрезентативен голман на Македонија, Петар Ангелов во следната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Струга.
Ангелов кариерата ја почна во Тиквеш, бранеше во Пелистер, Вардар и Металург, во странство беше дел од францускиот Трембле, турската Анталија, австрискиот Кремс, како и германскиот Ратинген, од каде се врати во Македонија. Настапуваше и за Пролет и Вардар Неготино, каде имаше двојна улога играч-тренер.
(фото-Фејсбук/Петар Ангелов)📷