Македонскиот шампион Вардар 1961 ги започна подготовките за новата сезона во салата ОУ “Круме Кепески” во Кисела Вода.
Тренерот Владо Недановски на првата прозивка ги имаше сите ракометари на кои ќе смета сезонава, иако не е исклучено на тимот да му се приклучат и нови ракометари кои ќе го засилат Вардар.
По завршувањето на женското кадетско СП што се одржува во Скопје, екипата се враќа во СЦ „Јане Сандански“ и ќе тренира до заминување за Струга каде ќе играат на традиционалниот турнир.
(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷