Дејан Манасков е најзвучното засилување, кој треба да биде замена за Дибиров на левата крилна позиција во екипата на Вардар 1961.
„Веќе неколку дена тренирам со Вардар, сè е како што треба, добро се вклопив во екипата. Доста од играчите ги познавам од претходно, така што не беше тешко да се прилагодам, сите ме прифатија добро. Се подготвуваме за почетокот на сезоната, следната недела нè очекува турнирот во Струга, јубилеен 50-ти. Ќе ми биде драго да настапам таму по неколку години. Еден квалитетен турнир, мислам дека ќе биде добра генерална проба за она што нè очекува во текот на сезоната, имаме квалитетни натпревари против добри екипи, што од нашето првенство, што од надвор. Ќе го искористиме максимално да влеземе подготвени во ној натпревар против Нексе на 23 август. Полека ќе треба да ја креваме формата, на тој натпревар играме дома, ќе одиме на победа и сакаме да се пласираме на Ф4 во СЕХА”, – изјави Дејан Манасков.
(фото-Рк Вардар 1961)📷