Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше во финалето против селекцијата на Швајцарија со 24-22 и го освои ЕХФ шампионатот во Летонија.
На полувреме Македонија замина со предност од 13-10. Во второто полувреме Швајцарија се обидуваше да се врати, но селекцијата на Македонија не го дозволи тоа и забележа победа.
Најефикасен во составот на Македонија беше Томислав Димковски со седум погодоци. Македонија со освоеното прво место обезбеди пласман на младинското ЕП 2024 година и на кадетското СП 2023 година.

(фото-РФМ)📷