Екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа втората победа на Струшкиот турнир, откако го совлада тимот на Татран Прешов со 25-24.
Еурофарм Пелистер добро го започна натпреварот и на пауза замина со предност од 11-10. Во второто полувреме продолжи добрата игра на битолскиот тим за победа против Татран Прешов.
Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше Руди Сери со пет гола, додека кај екипата на Татран Прешов најефикасен беше Оливер Рабер со осум гола.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷