Македонската репрезентативка Драгана Петковска која настапува на позицијата голман во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Таа потпиша договор со тимот од Израел, Макаби Ришон Ле Зион, договорот е потпишан на една година. Петковска во тимот на Макаби Ришон Ле Зион доаѓа од екипата на Јагодина.
Драгана Петковска која има 26 години претходно има настапувано и за Вардар, Силкеборг, Сондерјиске и Јагодина, а настапува и за репрезентацијата на Македонија.

(фото – Handball Management Santrac)📷