На 23 и 24 август ќе се одржи првото издание на меморијалниот турнир “Крсте Андоновски – Усташ”, па по повод турнирот се одржа прес конференција.
Ракометарите на Охрид, Крсте Андоновски и Даниел Андоновски искажаа благодарност за организирањето на турнирот.
„Да искажам голема благодарност до раководството на клубот Охрид кој го организира овој турнир во чест на мојот дедо кој остави голем белег во македонскиот ракомет. Беше тренер на многу македонски екипи и селектор на репрезентации. Што се однесува до турнирот, добредојдени ќе ни се овие натпревари за воигрување на екипата, сите ривали се квалитетни, и се надевам дека во иднина овој турнир ќе прерасне во традиција“, – изјави Крсте Андоновски, капитенот на ГРК Охрид.
На турнирот ќе учествуваат екипите на Охрид, Тинекс Пролет, Партизан и тимот на Тиквеш.
„Да се надоврзам на капитенот. Голема благодарност до општината Охрид и до раководството за организација на овој турнир што ќе го организира во чест на мојот дедо. Задоволството е големо почестени сме како фамилија. Емотивно е, љубовта кон ракометот ни ја всади баш нашиот дедо“, – вели Даниел Андоновски, повратникот во тимот на ГРК Охрид.