Одбележан јубилејот на Пелистер – 20 години од првото европско финале

Еурофарм Пелистер со сегмент во својата презентација на сезоната го одбележа јубилејот – две децении од финалето на Челинџ Купот во сезоната 2001/02.

По тој повод на присутните им се обрати Стевче Стефановски, помошник тренер на Богдан Маковеј во таа сезона. Стефановски го потенцира значајот на таа генерација за македонскиот ракомет, подоцна и на репрезентацијата.

Со македонски производ и само двајца странци (Горбох и Секулиќ), Пелистер таа сезона ги елиминира Казањ, ПСЖ, Килкис и Фредериксберг и играше финале против данскиот Скјерн.

По победата од 27-20 во Битола, Пелистер убедливо загуби во Данска со 34-17. Во Челинџ Купот таа сезона играа екипи од цела Европа, освен германски и шпански клубови. За Пелистер на Маковеј и Стефановски тогаш настапија: Ангелов, Горбох, Наумче и Златко Мојсовски, Јоновски, Темелков, Калајџиоски, Секулиќ, Макалоски, Митков, Шундовски, Николовски, Димитровски и Поповски.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести