Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Ѓорче Петров 2 со конечни 33-25 во натпревар од Женската Супер лига.
Составот на Вардар го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да слави победа против Ѓорче Петров 2.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Леона Миленкоска со осум гола, додека кај Ѓорче Петров 2 најефикасна беше Ева Ѓорѓиевска со седум гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷








