Екипата на Овче Поле забележа победа на гостувањето кај екипата на Текстилец со конечни 27-24 во Првата лига.
Составот на Овче Поле водеше и на полувреме со резултат 15-9, па во второто полувреме продолжи со водството за на крај го совлада тимот на Текстилец.
Најефикасен во редовите на Овче Поле беше Кирил Буровски со осум гола, додека кај Текстилец најефикасен беше Дарио Јорданов со седум гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷








