Екипата на Куманово го крои составот за новата сезона во Женската Супер лига, откако во своите редови донесе нова ракометарка.
Станува збор за кадетската и младинска репрезентативка на Македонија, Мила Пешиќ која доаѓа од германскиот тим ТВ Верл.
Пешиќ настапува на позицијата дефанзивен играч и потекнува од школата на ЖРК Вардар.

(фото-ЖРК Куманово)📷