Екипата на Кузман Вардар за новата сезона во Женската Супер лига го донесе првото засилување.
Станува збор за левиот бек Сара Премческа која доаѓа од женскиот тим на Јехона од Гостивар и има 16 години.
Премческа потекнува од школата на Јехона и за неа тимот на Кузман Вардар ќе и биде прв сениорски тим во кариерата и ќе и биде првото искуство во Женската Супер лига.

(фото – ЖРК Јехона)📷