Помош за Вардар од Општина Аеродром со 1,2 милиони денари

Македонскиот тим Вардар 1961 доби финансиска помош од Општина Аеродром во вредност од 1,2 милиони денари.

Оваа вест ја потврди градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.

“Помош за РК Вардар кога е најпотребно!

Вечерва Советот на Општина Аеродром на моја иницијатива даде поддршка за македонскиот бренд РК Вардар. Со ребалансот на буџетот, покрај развојните инвестиции и капиталните проекти кои се предвидени, Општина Аеродром издвојува и 1.2 милиони денари за поддршка на македонскиот шампион.

Во ваквите тешки мигови за нашата ракометна гордост поддршката од наша страна беше неопходна”, – напиша на социјалните мрежи Тимчо Муцунски.

(фото-Општина Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.